Вести Свет

Макрон: Украдените експонати од Лувр ќе бидат пронајдени

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција.

Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата на парискиот обвинител.

Макрон истакна дека новиот проект за модернизација на Лувр, кој беше претставен во јануари, ќе овозможи зголемена безбедност и ќе гарантира зачувување и заштита на француската култура.

Крадците кои вчера го ограбија парискиот музеј Лувр украдоа осум непроценливи предмети, а деветтиот што се обидоа да го украдат беше пронајден на лице место, изјави париската обвинителка Лор Беку.

Беку за телевизијата БФМ изјави дека крадците не го украле светски познатиот дијамант Регент, кој се наоѓа во истата галерија во која провалиле и се проценува дека вреди повеќе од 60 милиони долари.

Таа рече дека, според првите извештаи, во кражбата во Лувр учествувале четворица мажи кои имале „покриени“ лица и избегале „на моќни скутери“.

Обвинителката додаде дека истражителите имаат „снимки од видео надзор од музејот и градот“ и оти можат да сметаат на граѓаните дека ќе соработуваат и ќе помогнат во истрагата.

Еден од нашите сограѓани, на пример, пријавил во судската полиција дека еден од криминалците се ослободил од жолтиот елек што го носел, рече таа.

Лор Беку изјави дека е утврдено дека од Лувр недостасуваат ѓердан и обетки од колекцијата Мари-Луиз, ѓердан, пар обетки и дијадема од колекциите на кралиците Марија-Амелија и Хортензија и четири парчиња накит од колекцијата на царицата Евгенија.

Грабежот на накитот се случил вчера наутро за време на отворањето на музејот Лувр, поради што беше затворен за посетители поради вонредни причини.

Инцидентот наводно се случил во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полицијата, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе