Излезноста на гласачите на локалните избори до 17 часот e 39,61 проценти според пристигнати податоци од 3.221 избирачко место, што е 92,72 проценти од вкупниот број на избирачки места, и во нив се запишани вкупно 1.699.296 гласачи, информира портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска на прес-конференција попладнево.
Најголема излезност до 17,20 часот, како соопшти Тодоровска Алексовска, е регистрирана во Вевчани – 61,84 проценти, во Дебрца – 53,41 проценти, во Демир Капија – 57,65 проценти, во Дојран – 60,91 проценти, во Зелениково – 52,77 проценти, во Лозово – 61,09 проценти, во Крушево – 60,31 проценти, во Карбинци – 50,25 проценти, во Конче – 55,13 проценти, во Крива Паланка – 56,01 проценти, во Кривогаштани – 52,33 проценти, во Македонски Брод – 59,66 проценти, во Пробиштип – 56,43 проценти, во Ранковце – 57,07 проценти, во Росоман – 58,69 проценти, во Старо Нагоричане – 52,26 проценти, во Чашка – 65,50 проценти и Чучер Сандево – 51,74 проценти.
Најмала излезност е регистрирана во Шуто Оризари – 30,38 проценти, во Радовиш – 31,57 проценти, Маврово/Ростуше – 25,89 проценти, Пласница – 32,87 проценти и Врапчиште – 20,94 проценти.
Што се однесува до Скопје, излезноста по општини до 17 часот е во Аеродром – 39,32 проценти, во Бутел – 42,29 проценти, во Гази Баба – 35,55 проценти, во Ѓорче Петров – 37,73 проценти, во Карпош – 42,86 проценти, во Кисела Вода – 39,37 проценти, во Сарај – 47,94 проценти, во Центар – 42,35 проценти, во Чаир – 45,09 проценти и Шуто Оризари – 30,38 проценти.
Гласањето се одвива непречено, сите гласачи без проблеми го остваруваат своето избирачко право, и досега во ДИК не пристигнале никакви поплаки, проблеми приговори во насока на неправилности.
С.Д.
