Вести Македонија Најважни

Одложен е судскиот процес за „Талир 1“

Одложено е рочиштето за предметот „Талир 1“, кој се однесува на обвиненија за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во кривичниот суд не стигнале списите бидејќи се наоѓаат во апелациониот суд кој одлучува по жалба на обвинетите.Тие барале судот да не ги прифати прислушуваните разговори како докази, и откако кривичниот суд го одбил барањето се жалеле на апелација.

Поради честите одолговлекувања, постои опасност делот во кој е обвинета партијата ВМРО ДПМНЕ да застари бидејќи казните за правното лице се пониски. Според обвинителката Ристоска тоа ќе се случи во декември годинава за што таа алармираше и денеска во судницата.

Во случајот се обвинети екс-премиерот Никола Груевски, како и Илија Димовски, Кирил Божиновски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески. Предметот започна во февруари 2019 година, а поради сложеноста и бројот на сведоци, судскиот процес постојано се одолговлекува.

Обвинителката Ленче Ристоска вчера реагираше и на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое ја критикува нејзината работа и ја обвинува за политички мотивирани напади.

Таа посочи дека ваквите пораки се обид за заплашување и влијание врз нејзината работа, а од партијата побара јавно извинување во рок од седум дена, во спротивно најави тужба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе