Локалните избори се наближуваат, a кандидадите за градоначалници на Општина Аеродром со низа на идеи за развој и модернизација. Предизборна дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром во Топ Тема -Марјан Димитриев – Левица, Дејан Митески – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски – Коалиција предводена од СДСМ, Дејан Лазаревски – Коалиција Искуство за успех ЛДП, Владимир Михајловски ТМРО.
Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски од Коалиција предводена од СДСМ ветува дека ќе се изградат градинки, паркиралишта, културен центар, театар, кино сали, но и дека ќе се реши прашањето со нечистотијата и ќе се врати зеленилото кое општината го имала.
„Основно нешто јас како доктор, сите зарази, болести доаѓаат од валкана и небезбедна средина. Аеродром попрљав не бил никогаш. Зошто го зборам ова? На Аеродром му требаат зеленилата кои ги имал порано, бил зелен Аеродром не е дека не бил, значи може да се одржува. Значи тука не збориме за утопија. Ние ветуваме две градинки затоа што навистина се потребни, бидејќи има долги листи на чекање, второ паркиралишта, граѓаните нема каде да паркираат автомобили, и тука имаме решенија. Не е дозволиво како Аеродром да нема општинска зграда, не е дозволиво да нема културен центар, да нема театар, да нема кино сала и тоа е предвидено во програмата“, изјави Александар Трајановски од Коалиција предводена од СДСМ.
Т.Д.
