Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека поради најавениот прекин во испораката на природен гас кон Македонија, можно е да има отстапувања од редовниот возен ред на автобусите.
Според добиената информација од компанијата Номагас АД Скопје, испораката на гас ќе биде прекината до 17 октомври 2025 година, што може да влијае врз редовното одвивање на јавниот превоз.
Од ЈСП Скопје велат дека доколку има промени во времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено информирана. Корисниците се повикуваат на разбирање за настанатата ситуација.
