Вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“ вчера не ја добиле платата за септември.
Со нередовна исплата и доцнење од неколку недели се соочија повеќепати досега и јавно го изразија револтот, а сега се пред одлука – дали повторно да стапат во штрајк или да ги блокираат влезовите на фирмите.
Од СУТКОЗ најавуваат и дека од новото раководство на Град Скопје ќе побараат нова методологија за финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
