Вести Македонија

Митески од Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ: Со гасна когенеративна централа ќе го намалиме загадувањето во Аеродром

Локалните избори се наближуваат, a кандидадите за градоначалници на Општина Аеродром со низа на идеи за развој и модернизација. Предизборна дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром во Топ Тема -Марјан Димитриев – Левица, Дејан Митески – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски – Коалиција предводена од СДСМ, Дејан Лазаревски – Коалиција Искуство за успех ЛДП, Владимир Михајловски ТМРО.

Кандидатот и сегашен в.д. градоначалник на Аеродром, Дејан Митески ветува дека ќе го реши проблемот со аерозагадувањето и сообраќајниот хаос.

„Фокус ќе ставиме на загадувањето преку реализација на низа проекти, што ќе значи намалување на аерозагадувањето. Изворите на загадувањето се детектирани и се повеќеслојни. Една причина е загревањето на домаќинствата, со што предвидуваме топлификација на Ново Лисиче, израдба на гасна когенеративна централа, забрзување на сообраќајни решенија за да не ни се случуваат гужви како што ни се случуваат сега. Тоа е нешто што ќе го реализираме со Градот Скопје, воведување на нови системи на еднонасочен сообраќај таму кадешто е најгуст сообраќајот“, изјави Дејан Митески од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе