Спорт Фудбал

Милевски: Белгија е фаворит, но ние продолжуваме да сонуваме

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Белгија (20:45 часот) во рамки на квалификациите за Светското првенство во 20206 година.

Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција очекувано им ја препушти фаворитската улога на домаќините, но нашиот тим ќе направи сè за да продолжи да сонува пласман на Мундијалот.

„Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави Милевски на прес-конференцијата.

Беспоштедна борба за секоја топка најави и дефанзивецот Висар Муслиу, кој смета дека само така може да се стигне до целта.

„Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме сè од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

Македонија моментално е лидер во рамки на групата Ј со 11 бодови, еден повеќе од Белгија, која има и натпревар помалку, а 10 бодови има и Велс.

По гостувањето во Белгија, нашиот тим го очекува уште еден натпревар во овој октомвриски циклус и тоа со Казахстан во Скопје во понеделник. Квалификациите ги завршуваме со гостување кај Велс во ноември.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе