Ракометарките на Металург Автокоманда се пласираа во 3.коло во Европскиот ЕХФ Куп откако денеска по втор пат го совладаа Диферданж од Луксембург. Двата натпревари се играа во Скопје, а по вчерашната победа од 14 голови разлика, денеска скопјанки славеа со +7.
Металург Автокоманда потврди дека е едно ниво над противникот од Луксембург па и денеска со рутинска игра дојде до двојна победа од 31-24 за пласман во следната рунда во третото по ранг европско натпреварување.
Марија Јанкуловска и Сара Цветановска со по пет голови беа најефикасни во таборот на нашиот тим, а голманката Софи Гошевска имаше пет интервенции. На вчерашниот натпревар Металург победи со 40-25.
Втората рунда во ЕХФ Купот не ја минаа две македонски екипи, кои вчера ги завршија своите настапи, а тоа се Чаир и Куманово. Металург сега ќе му се приклучи на Ѓорче Петров во третото коло, што ќе се игра од 8-16 ноември.
