Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стигна до своето четврто финале по ред, а вкупно петто сезонава. Таа ќе се бори за титулата на турнирот во Букурешт, Романија што се игра за награден фонд од 60 илјади американски долари.
Ѓорческа во денешното полуфинале ја победи првата фаворитка на турнирот Деспина Папамихаил од Грција и тоа во два сета со по 6-2. Интересно Македонката сега води со 4-1 во меѓусебните дуели со грчката тенисерка.
Нејзина противничка во утрешното големо финале ќе биде Лили Тагер од Австрија, која беше подобра Сада Нахимана од Бурунди во три сета.
Ѓорческа има одлична сезона и ќе го игра петтото финале, а ќе ја бара и третата титула. Минатата недела веќе крена еден трофеј во Романија откако славеше во Слобозија, а претходно имаше три финалиња во Куршумлиска Бања, а освои само еден турнир.
Со евентуална победа во утрешното финале, Ѓорческа може дополнително да напредува на ВТА ранг-листата и да се врати помеѓу најдобрите 200 тенисерки во светот.
