Вести Економија

Регулаторна и пазарен инспекторат договорија побрз проток на податоци за трговците со нафта при добивање лиценци

Регулаторна комисија побрзо да добива податоци од пазарната инспекција, за тоа кои трговци со нафта и нафтени деривати на големо, ги исполнуваат условите за добивање или за продолжување на лиценците.

Oва е договорено со државниот пазарен инспекторат.

Ваквте чекори се прават поради тоа што има измени во критериумите кои треба  да ги исполнуваат од овој сектор, а со тоа што регулаторната комисија ќе добие побрзо податоци од имнспекторатот, целиот процес на издавање или продолжување на лиценците би се забрзал.

Од регулаторна велат дека годинава повеќе од трговците од овој сектор треба да ги продолжат лиценците. Рокот на важност од десет години е изминат, и сега треба да се обноват.

Од комисијата велат дека пазарен и до сега ги правеле проверките  и дека во тој дел не бил забележан проблем со недостаток на кадар.

Пазарниот инспекторат надлежен е и да врши проверка и на квалитетот на горивата преку земање на мостри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе