Вести Економија Топ вести

Бислимовски: Ќе трпи економијата и домаќинствата ако ЕУ не ни даде повеќе време за напуштање на јагленот

Ако Европа не ни остави повеќе време за да се тргнеме од јагленот и од употребата на термоцентралите, од први јанауари штети ќе трпи целокупната економија, а домаќинствата би добиле поскапа струја. Со стартот на идната година од земјава се бара и има обврска да ја зголеми цената на електричната енергија добиена од термоцентрали, а компаниите кои во производството ја користат кога ќе извезуваат македонски производи ќе се соочат со дополнителни давачки. Првиот регулатор Бислимовски се надева дека тоа нема да се случи. Не само земјава, туку и останатите држави во регионот се во преговори со ЕУ.

 

Ја верувам дека нема да дојде до таква ситуација бидејќи навистина сега не е моментот овие земји и факт е дека има инвестиции во обновливи извори мора да се даде простор. Македонија е земја со резерви на јаглен кои што да се со полош квалитет и тие се намалуваат и ние веќе увезуваме јаглен но тоа што ние имаме јаглен домашен јаглен треба да ни се даде простор да го користиме, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски

Бислимовски смета дека како што им се помогнало на земјите од Европа да се прилагодат на новитетите и на државите од Западен Балкан треба да им се помогне сега.

И од Министерството за енергетика уверуваат дека се следат сите информации произлезени од ЕУ со образложение дека сите се свесни дека  примената на ваквата обврска од први јануари може да донесе економски импликации кај фирмите во регионот особено кај оние кои се уште инвестираат во енергетска ефикасност и во обновливи извори.

Инаку и дел од земјите во Европа не се подготвени целосно да ги затворат електраните на јаглен. Медиумите пишуваа дека дури и Германија бара забавување на процесот, со образложение дека јагленот се напушта многу бргу,  но многу бавно се воведуваат нови технологии.

До крајот на годинава треба да се донесе нова цена и за потрошената електрична енергија, и за преносот и дистрибуцијата. До крајот на месецов МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција треба да ги достават пресметките до Регулаторна. Но какви ќе бидат сметките за струја за домаќинствата, најмногу зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе