Вести Економија Македонија

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти

„Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2.1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 проценти, Рекреација и култура за 0.3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.1 процент, Облека и обувки за 0.6 проценти, Здравје и Образование за 0.1 процент

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.

Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто на месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе