Македонската фудбалска репрезентација по вчерашниот пораз од Саудиска Арабија со 1-2 на пријателскиот натпревар во Прага, од денеска повторно е во Скопје каде ги продолжува подготовките за неделната пресметка со Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026. Во нашата група Ј, фаворитите ја оправдаа улогата и Велс славеше со 1-0 на гостувањето кај Казахстан, додека Белгија со 6-0 го декласираше Лихтенштајн во Вадуц.
Синоќа Словавачка ја шокираше Германија со 2-0 во рамки на групата А, додека Шпанија со 3-0 славеше против Бугарија во Софија во рамки на групата Е. Холандија ремизираше 1-1 на домашен терен со Полска во групата Г.
Во продолжение и денешните двојки во мундијалските квалификации.
ФУДБАЛ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2026
ГРУПА Б
СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА
ШВАЈЦАРИЈА – КОСОВО
ГРУПА Ц
ДАНСКА – ШКОТСКА
ГРЦИЈА – БЕЛОРУСИЈА
ГРУПА Д
ИСЛАНД – АЗЕРБЕЈЏАН
УКРАИНА – ФРАНЦИЈА
ГРУПА И
ИТАЛИЈА – ЕСТОНИЈА
МОЛДАВИЈА – ИЗРАЕЛ
ГРУПА Л
ФАРСКИ О. – ХРВАТСКА
ЦРНА ГОРА – ЧЕШКА
*Сите натпревари стартуваат во 20:45 часот.
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
