Вести Економија Топ вести

Ако нема работа во текстилната индустрија, има во ТИРЗ

За сите што ќе останат без работа во фабриките од текстилната индустрија, има и ќе има уште повеќе работа во фабриките во Технолошки индустриските развојни зони (ТИРЗ), уверува директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски. Телма веќе објави дека над 5.000 работници се одлеале од текстилниот сектор од почетокот на годинава, а работодавачите се жалат дека државата не им помага.

„Во однос на ситуацијата во текстилната индустрија, можам само да ви укажам дека сите оние нови инвестиции кои се договорени, кои се реализираат, тек допрва ќе се официјализираат и ќе се реализираат, се еден вид наш мотив да креираме што повеќе нови работни места Така што сите вработени во текстилната индустрија кои мислат дека имаат потреба да го променат своето работно место, верувајте дека има доволно простор во сите овие постоечки и нови компании кои ќе се изградат и ќе работат во ТИР зоните“, вели Гоце Димовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Причините за заминување на вработените од текстилната индустрија се најразлични – од ниски плати и лоши услови за работа, до нелојалната конкуренција и состојбата во која се наоѓаат странските партнери. Податоците на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ покажуваат дека само во Штип во изминатите три недели се затвориле три текстилни фабрики со по стотина вработени.

Според Државниот завод за статистика, бројот на вработени во овој сектор се намалува со години, па така во споредба со 2021 година, во секторот производство на текстил има намалување од над 7 отсто, а во секторот производство на облека за над 30 отсто.

Според статистиката за јули, бројот на вработени во индустријата е намален за 4 проценти во изминатите 12 месеци. Во производство на текстил, намалувањето е 3,3 отсто, во производството на облека бројот на вработени е намален за над 9 отсто, а во кожарската за над 14 отсто. Ова се сектори во кои се даваат и едни од најниските плати.

Владата денеска се пофали дека Македонија е меѓу првите во Европа и шеста во светот по обемот на гринфилд инвестиции во однос на БДП-то.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе