Вести Економија Топ вести

Сметки на чекање – државните, јавните институции, општините тешко ги плаќаат фактурите, кредитите, а должат и за плати

Околу 700 милиони евра достигна долгот на државните, јавните институции, општините, покажува извештај на Министерството за финансии за вториот квартал годинава.  За три месеци доспеаните, а не платени обврски пораснале за речиси 40 милиони евра.

Од податоците може да се види дека институциите најмногу должат за комунални услуги, греење, транспорт, за ова треба да платат над 126 милиони евра. Но, се должи и за плати, придонеси, кредити, за поправки и одржување, за купување машини, возила, опрема и друго. Треба да се платат фактури доставени и од приватниот сектор, од физички лица, од странство.

Со долг од 95 милиони евра на врвот на листата се јавува НОМАГАС, институцијата која го спроведува гасното поврзување со Грција.

Потоа е МЖ Транспорт со долг од 75 милиони евра, па железници Инфраструктура со речиси 70 милиони евра и ЕСМ со долг од 57 милион евра.

НОМАГАС                            95 милиони евра

МЖ Транспорт                   75 милиони евра

МЖ Инфраструктура       69 милиони евра

ЕСМ                                       57 милиони евра

 

ЕСМ веќе побара сите кои имаат долгови за струја и парно да си ги подмират во рок од три месеци. Станува збор за сума од околу 16  милиони евра, пари кои треба да се вратат во касата на електрани.

Државата веќе ги задолжи институциите да ги платат сметките.

Според, податоците кои ги доби Телма најголем должник за струја е Клинички центар Мајка Тереза. Од таму ни соопштија дека прават напори да го платат. Планираат да подигнат и кредит, а од државата ќе побараат да биде гарант.

Оние пак кои се јавуваат како најголеми должници за парно се студентски домови, МРТ,  Пошта и ГТЦ.

На листата на должници на ЕСМ кој и самиот има неподмирени обврски има институции кои се со финансиски проблеми. Па, останува да се види колку електрани ќе успее да ги наплати долговите.

Листата должници е долга има министерства, општини, училишта, болници, факултети, јавни претпријатија и многу други. Министерството за финансии овој документ го објавува секој квартал, а долговите се пресметани врз основа на документацијата која ја доставуваат самите институции.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе