Вести Економија Свет

Србија го зголемува минималецот од 450 на 500 евра од 1 октомври

Минималната плата во Србија ќе биде поголема од 500 евра од 1 октомври. Како што е објавено во српскиот „Службен весник“, висината на минималната цена на работа во земјата ќе изнесува 337 динари по работен час, без даноци и придонеси. Одлуката, се додава, ја донел Социјално-економскиот совет на седница што се одржала на 15 јули.

На седницата било договорено минималната цена на труд во Србија да биде зголемена за 9,4 отсто и од сегашните 450 евра, ќе биде над 500 евра. Одлуката за вонредно зголемување била донесена едногласно, како резултат на социјалниот дијалог, а оти зголемувањето е одредено врз основа на анализи на потребите на работниците во Србија и анализата на потрошувачката кошничка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе