Денеска во владата се одржува Економско социјален совет на кој се очекува да се разговара за потрошувачките кошнички и стандардот на граѓаните и на работниците во земјава. Иако на дневен ред не е ставена точката за раст на платите на работниците од ССМ пред почетокот на средбата порачаа дека ќе инсистираат да се направи промена и таа да биде дел од дискусијата.
Порачаа дека неопходно е покачувањето на работничките плати по урнегот на покачувањето на платите на владините функционери. Според нив платите на функционерите во земјите во регионот се изедначија но како што порачаа кај нас до сега се немало слух за покачување на платите на работниците.
Од КСС, пак, порачаа дека прво ќе сакаат да ги слушнат фактите и предлозите на Владата, а потоа ќе донесат заклучок за тоа какви ќе бидат нивните следни чекори.
Порачаа дека треба да се направи баланс во однос на ова прашање бидејќи како што рекоа доколку покачувањето на платите ја зголеми инфлацијата работниците нема да имаат никаков бенефит.
Претставниците на работодавачите пак порачаа дека во наредниот период треба да се биде внимателен со барањата за повисока минимална плата бидејќи тоа како што велат ќе го сголеми товарот на работодавачите а тоа особено ќе се одрази врз помалите компании. Порачаа и дека треба да се земат предвид царините кои ги наметнува администрацијата на Трамп што дополнително ќе ја отежни нивната работа.
Еве дел од нивните ставови:
