Вести Економија

Министерството за финансии ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1 448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година  со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии во наредниот период предвидува воведување нови финансиски инструменти, вклучително и понуда на инструменти наменети за граѓаните, а целта е зголемување на квалитетот на понудените инструмени и зголемување на базата на инвеститорите.

Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра.  Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и доспева во ноември 2025 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе