Вести Македонија Топ вести

Бразилката која организирала проституција во Џевахир осудена на 5 и пол години затвор

Пет и пол години казна затвор за Бразилка Марилене Невес де Јесус која организирала проституција во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир Холдинг“ во Скопје. Таа претходно призна вина за двете кривични дела за кои се гонеше, освен посредување при вршење на проституција и перење пари.

Групата која ја предводела Бразилката ангажирала девојки од нејзината родна земја кои доаѓале во Скопје и вршеле сексуални услуги. Тие  наплаќале по 150 евра за половина час, 200 евра за еден час, 300 евра за два часа, 450 евра за три часа. Најскапата тарифа за проституција била 800 евра за цела ноќ, со која со ангажираната девојка се правеле и фотографии со експлицитна содржина.

„Со вака изречените кривични санкции судот верува дека ќе се влијае воспитно не само врз обвинетите, туку и во околината и ќе даде со ваквата одлука придонес кон сузбивање на овој вид на криминалитет, но и ќе одигра превентивна улога во иднина да се сузбие појавата на овој вид на криминалитет, особено што со овој кривично правен настан оваа кривично дело добило меѓународни размери дури во смисла и на два различни континенти“ изјави судијата Ненад Савески.

Профилите на девојките  кои биле на сајт за сексуални услуги ги контролирала осудената, како и целиот процес на договарање на средбите. За нејзиниот ангажман добивала 30 отсто од заработувачката на девојките.

Парите ги делела со второобвинетиот Ман Махмала, роден во Сирија, но како што рече се чувствува Македонец и не призна вина. Тој е обвинет дека организирал прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките. За него постапката е раздвоена.

Третообвинетиот и четвртообвинетиот за перење исто така признаа вина добија условни казни. Едниот работел како таксист и ги превезувал и сместувал проституките и откако станал пријател со нив, парите кои ги заработувале од сексуални услуги им ги уплаќал на сметки надвор од државата преку брз трансфер на пари. Другиот пак кој се заљубил во девојката која му пружала сексуални услуги и ја однел на патување во Рим и во Лондон, парите кои ги заработувала ги конвертирал во криптовалути и отворил паричник за криптовалути и вршел транскации.

Двајцата ќе треба да ги вртат парите кои ги добиле од проститутките, односно едниот ќе треба да врати 2115 евра, а другиот 10 илјади долари.

Марија Митевска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе