Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево и релативно топло време. Во раните утрински часови ведро и студено со утринска температура која на повеќе места ќе биде под 0 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 3.3.2025
Минимална температура (во °C)
-9 Попова Шапка, -4 Крушево, Маврови Анови, -3 Крива Паланка, -2 Берово, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Куманово, 1 Претор, Охрид, Струмица, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тетово, Велес, Кавадарци, 3 Демир Капија, 6 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
12 Виница, 8 Претор, 7 Струмица, 4 Крива Паланка, 3 Берово, Прилеп, Штип, Крушево, Пожар, 2 Гевгелија, Битола, Кавадарци, Охрид, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, Тополчани, 1 Скопје – Петровец.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
25 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
