Вести Македонија

48-годишен пијан возач удрил и тешко повредил пешак- имал 1,35 промили алкохол во крвта

Полицијата информираше дека е уапсен 48-годишен возач пд Гостивар кој во Скопје удрил пешак и му предизвикал сериозни и тешки повреди.

Возачот имал 1,35 промили алкохол во крвта, покажал алко-тестот.

Повреденото момче е згрижено на скопските клиники. Несреќата се случила неколку минути по полноќ, во недела.

Соопштението на МВР во продолжение:

На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Полиција на секој чекор – ниска сообраќајна култура, но помалку несреќи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Адвокатите на екс премиерот Груевски не се појавија на судење за „Талир“ – предметот за седиштето на ВМРО застарува во август

Дејан Дејан

Божиновска: Се подготвува легислатива за Дата центри – приватните инвеститори сами ќе треба да обезбедат услови

Дејан Дејан

ЕСМ ќе испорачува помалку струја за домаќинствата- ќе има ли поскапување ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе