Вести Македонија

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација за отстранувањето на „сексуална ориентација“, „род“ и „родов идентитет“

Мрежата за заштита од дискриминација изразува остра реакција за загрижувачката и брзо развивачка ситуација во нашата земја во врска со правата на детето.

  • Министерството за образование и наука изготви предлог за измена на Законот за основно образование и нов Закон за средно образование, првиот со цел да се спроведе пресуда од Европскиот суд за човекови права во однос на сегрегацијата на децата Роми во јавните училишта. Во поднесените предлози, кои подоцна беа усвоени од Владата и доставени до Собранието на Република Северна Македонија, Министерството за образование ги отстрани основите „сексуална ориентација“, „род“ и „родов идентитет“ како основи за дискриминација. Усвојувањето на овие измени ќе ги направи законите за основно и средно образование контрадикторни на одредбите и духот на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој го препознава родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Усогласувањето и дополнувањето на законските решенија, особено оние закони во чиј центар се наоѓа добробитта на детето, мора да бидат проследени со вистински и значаен придонес од стручната јавност, односно професионалци кои својот професионален капацитет го посветиле на овие области. Недостатокот на ваквиот придонес кон креирањето на законските измени и втората причина за нашата реакција. За жал, уште еднаш бевме сведоци на нетранспарентна постапка, без вклучување на стручната јавност и со оневозможување на општата јавност да учествува во процесот заради фактот што текстот на измените и  дополнувањата ја доби својата последна форма и клучни измени по истекувањето на рокот за доставување на коментари преку алактката ЕНЕР. Поради тоа, потенцираме дека можните  објаснувања од надлежните институции дека експерти биле вклучени во изработката на овие закони е погрешно прикажување на фактите. Нацрт-законите веќе ја пројдоа првата фаза на процесот на усвојување пред Собранието на Република Северна Македонија, а Законодавно-правната комисија и Комисијата за образование, наука и спорт одлучија дека законите се подобни за да продолжат на пленарна седница на Собранието. Пленарната седница на Собранието помина во исклучително краток рок, нетранспарентно и без јавна расправа, и покрај тоа што истата беше побарана и од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за заштита од дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација уште еднаш потенцира дека исклучувањето на овие заштитени групи од законот ќе резултира со непостоење на мерки за спречување на насилство и/или физичко малтретирање, но и ќе испрати сигнал дека дејствијата на исклучување и угнетување на овие групи во општеството не се казнува, се охрабрува, а со самото тоа и дека се очекува.

  • Со ваквите постапки , Министерството за образование и наука  одлучува да ги игнорира постојните информации и истражувања од терен, а коишто говорат за исклучителната ранливост на ЛГБТИ децата и девојчињата, непосредно загрозувајќи ја нивната безбедност, и придонесувајќи кон условите коишто креираат состојба на кревко ментално здравје кај овие деца. Имено, истражувањата укажуваат дека ЛГБТ младите четири пати почесто се изложени на малтретирање од своите врсници во училиштата, а оваа тенденција постојано расте, со можност да стане нормализирана. ЛГБТИ децата во Северна Македонија се меѓу најранливите групи, со зголемен ризик од сајбер насилство, семејно и окружувачко насилство. Речиси 30% од нив три пати почесто се жртви на сајбер насилство во споредба со хетеросексуалните врсници. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација почесто страдаат од психосоматски симптоми (74%), чувства на тага и безнадежност (47%) и сериозни самоубиствени мисли (30%), што укажува на недостаток на семејна поддршка и посебни предизвици со менталното здравје[1].

Малтретирањето, исклучувањето од врсничката група и недостатокот на препознавање и поддршка од семејството и наставниците се фактори кои директно влијаат на менталното здравје на децата.

Имајќи го предвид горенаведеното, бараме итно повлекување на предложените законски измениотворање на транспарентна јавна дискусија во која ќе бидеме вклучени како експерти во областа на дискриминацијата и правата на  маргинализираните деца и млади, и Министерството јавно да  покаже дека животите и безбедностa на сите ученици, вклучително и на на ЛГБТИ децата и девојчињата, се подеднакво вредни и ценети, стои во реакцијата од Мрежата за заштита од дискриминација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе