Спорт Фудбал

Милевски: Со две победи да го задржиме првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација следната недела ќе ги одигра последните два натпревари во ова издание од Лигата на нации.

На мечевите против Летонија и Фарски острови во Скопје ни требаат две победи за потврда на првата позиција во групата и пласман во Б лигата, но со шест бода Македонија ќе има големи шанси да обезбеди пласман во баражот за настап на Светското првенство.

“Да им посакам добредојде на двајцата дебитанти Марко Алчевски Алчевски и Бехар Фета. Се надевам дека ќе се наметнат со својот потенцијал и во иднина ќе бидат важна алка во националниот тим. За жал дефинитивно нема да игра Тихомир Костадинов, а Висар Муслиу и Кристијан Трапановски се неизвесни поради повреди. Свесни за важноста на овие два меча и наша примарна цел е да завршиме на првото место. Очекувам победа против Летонија, но очекувам многу потежок дуел од тој во Рига. Потоа ќе размислуваме и за вториот меч против Фарски Острови. Летонија е селекција која сака да игра фудбал, бара да го има поседот на топка кај себе. Ние добро одговоривме на средбата во Рига, наша цел е и во Скопје да ја наметнеме нашата игра и да имаме контрола”, изјави селекторот Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Ставрев го судеше последниот натпревар во кариерата

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Работнички со триумф ја затвори успешната полусезона

Дејан Дејан

Кастратовиќ во Куќата на славните на ЕХФ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе