Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 и со победа го отвори новиот циклус на квалификации за настап на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров потешко од очекувањата стигнаа до планираните бодови, но сепак на крајот заслужено го забележаа стартниот триумф.
Најефикасен во нашиот состав со десет гола беше Мартин Серафимов, а Филип Кузмановски и Марко Митев по седум пати се запишаа во листата на стрелците.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.