Кошарка Спорт

МЗТ по одмазда во Домжале, Работнички гостува кај Босна

МЗТ Скопје и Работнички го отвораат 4.коло во АБА2 кошаркарската лига. Двата македонски тима имаат гостувања. „Металците“ играат во Домжале, „центарци“ во Сараево.

МЗТ на првата пресметка со Хелиос Домжале во рамки на групата А загуби на домашен паркет во „Јане Сандански“ со 70-72. За нашиот тим тоа беше втор пораз на третиот натпревар, а словенечкиот состав го продолжи перфектниот ефект со три победи.

Сега момците на тренерот Васко Атанасов имаат шанса за одмазда и ова е важен натпревар во борба за 2.место во групата што води во разигрувањето. Формата на МЗТ не е на највисоко ниво, бидејќи изминатото коло го запиша и вториот пораз во домашното првенство овој пат од Чаир. Гостувањето во Домжале е добра можност со победа, МЗТ да ја врати самодовербата. Натпреварот почнува од 18 часот.

Работнички има три порази од три натпревари во групата Б, а не се очекува некоја сензација ниту денеска во Сараево. На првата меѓусебна пресметка, Босна го декласираше Работнички со 74-99, па босанскиот тим веќе може да смета и на нови бодови. Очигледно е дека приоритетот на „центарци“ сезонава е домашното првенство, а АБА2-лигата е во втор план. Овој натпревар се игра вечерва со почеток од 20 часот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија немаше сили за сензација против Холандија

Дејан Дејан

Лазаров: Треба да ја заборавиме Унгарија, Холандија е тим што помалку ни одговара

Дејан Дејан

Ливерпул пронајде замена за Енди Робертсон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе