Вести Македонија Топ вести

Мендух Тачи го напуштил Европскиот фронт предводен од ДУИ

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, јавува порталот Тетова сот.

Од партијата на Тачи за Телма потврдија дека лидерот на ДПА како единствен пратеник ја напушта коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ..

-Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакнуваат изворите на Телма и најавија дека Мендух Тачи многу скоро ќе објави зошто го напушта Европскиот фронт.

Денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со коалицијата Европски фронт.

– Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите и неуспесите, владиниот дел се држи за небитни работи – истакна Ахмети.

Тачи беше кандидат за пратеник на изборната листа број 6 каде што го освои пратеничкиот мандат. ДПА имаше уште еден пратеник, но по прегласувањето во 6-ката, Европскиот фронт оатана без тоа место. По заминувањето на Тачи, Европскиот фронт останува со 17 пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе