Емисии Ферплеј

НАСКОРО: 4-та сезона на Ферплеј со Јана

Спортските теми и оваа, четврта сезона ги отвораме секој викенд на Телма.

Неделното попладне како и досега ќе биде резервирано за инспиративните спортски приказни и разговори, за тоа како изгледа секојдневието на нашите спортски идоли.

Што е потребно за градење на успешна кариера? Како се создава победнички менталитет? Како се надминуваат препреките и поразите, но и како се навива, поддржува и радува за успесите на омилениот спортист, клуб или репрезентација…

Спортскиот дух и животен стил остануваат наша мотивација, како и вербата дека секој успех е вистински само кога е постигнат со Фер-плеј.

Гледајте нѐ секоја недела, во нашиот добро познат термин, 16:15 на Телма. НАСКОРО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

КОД: Игри со стечаи за Соравиа и Дрин Ахмети, цената на прислушкувањето, судење за масовни палежи во велешко

Дејан Дејан

Немам проблем да бидам Македонец каде и да работам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе