Вести Македонија

Неисплатени две плати причина вработените едногласно да го изразат револтот пред ЈП „Национални шуми“

Едни протестираат – други смируваат. Неисплатени две плати причина вработените во Национални едногласно да го изразат револтот пред претпријатието. Побараа плата веднаш, во спротивно ќе ги радикализираат протестите.

„Ова се случува со месеци наназад. Јануарската плата ни ја дадоа на два пати, здравството исто така на два пати го плаќаа сега немаме здравство, најстрашното е што има многу колеги коишто се возрасна категорија коишто не можат да се лекуваат. Им треба многу големи пари, ги откажуваат здравствените прегледи и операциите што во 21 век е незамисливо“, вели вработен во ЈП „Национални шуми’.

„Доколку во скоро време не се реши проблемот планираме повторно да се радикализираме ако треба и пред Влада“, вели вработен во ЈП „Национални шуми’.

 

Го разбирам револтот на вработените, но причината поради која доцнат платите е тоа што претпријатието се соочува со намалени приходи од претходната сезона и побарав помош од Владата, вели за Телма директорот Валентин Груевски.

„Треба да добиеме одредена финансиска помош за да го надминеме овој тешок зимски период пред да почне нашето сопствено производство. Имавме неколку најави од Влада дека ќе бидеме помогнати од одредени јавни претпријатија, меѓутоа до денес таа помош не е стигната. Доколку стигне како помош ние веднаш ќе ги исплатиме и двете плати. Секојдневно правиме напори да се реализира таа помош“, вели Валентин Груевски директор на ЈП „Национални шуми“.

На владина седница во текот на денот ќе се разговара за овој проблем, велат од Влада за Телма. Има пари за нови вработувања, нема пари за плата на 1800 вработени алармираат од синдикатот. Груевски пак тврди вработувањата не се причина поради која доцни платата.

 

„Целиот проблем е во претставниците на власта и менаџментот. Не може никој да не убеди дека работниците што одат на работа и што ги извршуваат своите работни задачи се должни да чекаат два или три месеци за плата. Нека си го планираат летниот период, а не да прават сезонски работници 10 мееци одат луѓето на работа два месеци не идат а потоа да ги лажат дека ќе има плата до среда до петок. Повеќе не веруваме на лаги, секој ден ако треба ќе протестираме се до исполнување на нашите барања“, вели Иван Пешевски ССМ.

 

“Вработувањата не се причина за неисплаќање на платите, бидејќи тие луѓе работеа кај нас, но работеа и кај нас, меѓутоа немаа решен статус, вели Валентин Груевски директор на ЈП „Национални шуми“.

 

Според синдикатот во ЈП Национални шуми има околу 1800 вработени од кои 355 биле примени на работа пред два месеци, а основната плата без додатоци на еден шумарски инженер не изнесува повеќе од 26 000 денари.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе