Вести Македонија

Јакимовски: Не сум децидно против внесувањето на Бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затварање на бугарското прашање

Јас не сум децидно против внесување на Бугарите во Уставот, тврди претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во вечерашното интервју на Телевизија Телма.

Не сум децидно против внесувањето на Бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затворање на бугарското прашање. Тоа значи тој целиот пакет да се затвори. Јас и на лидерската средба го поставив прашањето: Ќе дадете ли одговор за тоа дали сме нација од 1944, или сме биле откако постоиме? Второ, дали нашиот јазик е бугарско наречје, или е посебен Македонски јазик? Дајте одговор на овие две прашања, а за историските личности историчарите нека вадат документи, нека вадат докази дали некој бил Бугарин, дали бил Македонец, можеби и никогаш нема да се договорат, но тоа не може да биде услов за наш влез во ЕУ, инсистираше Јакимовски.

Според него, ако не добиеме одговори на овие две прашања, тој не може да се сложи внесувањето на Бугарите во Уставот да биде услов за влез во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе