Вести Економија

Компанијата ,,Актива” во Штип доби пристап до НАТО пазарот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Штип  ја посети градежната фирма ,,Актива” со цел да и го додели сертификатот со кој  ќе може да конкурира на тендерите достапни на  НАТО пазарот. Таа во нејзината изјава посочи дека досега 44 компании во земјава  добиле пристап до овој пазарот.

Петровска објасни дека на почетокот на  март имала успешна средба со претставниците на НАТО Агенцијата за набавки, но и со македонските компании, каде се презентирале можности  за учествуво во набавките поврзани со  НАТО Агенцијата и на НАТО пазарот. Можностите кои ги дава пазарот се одлични, бидејќи ќе помогнат во развојот на македонската економија. Компанијата ,,Актива” претставува одличен пример за другите компании да пристапат до НАТО пазарот.

Сертификатите кои се доделени може да се користат во различни сектори како што се градежништво, прехранбената индустрија, некои од нив и угостителски услуги кои нудат  организација на настани, транспорт, но  и компании кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати рече Петровска.

Сопственикот на компанијата „Актива“-Штип, Иле Николов при денешната посета на министерката Петровска изјави дека со овој сертификат се отвара една нова визија во нивниот производен програм.

,,Затоа што цениме дека покрај досегашните сериозни партнери коишто ги имаме од Европа и пошироко дека и овој дел, овој сегмент што сега го добивме како сертификат, може да учествуваме на тендери и ќе биде уште една можност да се докажеме и на овој пазар за којшто министерката кажа дека е доста сериозен, доста голем и се надевам дека со нашиот производен програм ќе можеме да се вклучиме во еден дел во делот на потребите за НАТО индустријата, рече Николов

Во моментов штипска „Актива“ е подготвена истовремено да работи и со новите партнери од НАТО пазарот и со постојните нивни сериозни партнери од Западот, како што се  „Ван Хол“ и „Пас Глобал“.

Николов додaде: ,,Се надеваме дека со ова ќе се отвори една нова страница и во нашата производна програма, а ние сме спремни и понатаму да се развиваме како компанија, затоа што почетокот на развојот на нашата компанија во нашата општина претставуваше пример како може да се успее во град којшто исклучиво се бавеше со текстилната индустрија и сета онаа криза која што се јави во текстилната индустрија, ние се боревме да направиме една промена на структурата на производството и досега мислам дека доста успешно се боревме и се бориме.”

Оваа штипска компанија произведува делови и за автомобилската индустрија, како и колички за транспорт за големите светски аеродроми. Претходно имаа широк спектар на произвдство, кое е модернизирано, со роботи машини, а како што рече Николов, се надева дека после година или две  ќе можат да се пофалат и со првите производи, коишто веќе ќе бидат испорачани од нивна страна на пазарот за потребите на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе