Вести Економија Македонија

Петрова: Рекорден буџетски дефицит во 2024 година

Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори.

Буџетскиот дефицит заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:
• Две третини од планираниот буџетски дефицит за цела 2024 година
• Повеќе од шест пати поголем буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година

Порастот на вкупните расходи е скоро пет пати поголем од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:
• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)
• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

Задолжувањето кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период е поголемо за 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период.Објави дополнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова на својот фејсбук профил

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе