Вести Економија

Ќе биде ли доволна пониската профитна маржа од ЕВН ХОУМ да се намалат сметките за струја ?

Пониската профитна маржа која ја понуди EВН ХОУМ, ќе влијае на крајната цена на струјата, велат од Регулаторната комисија. Но, ова не е единствениот елемент од кој зависи дали сметките ќе се намалат. Тука голема улога имаат и субвенциите, односно дали новата Влада ќе одлучи да останат и колку ќе изнесуваат, но и од евтината тарифа.

Ќе има директно влијание врз крајната цена, но во која форма конкретно ќе се одрази, ќе зависи од повеќе фактори: дали субвенциите за електрична енергија ќе останат, и во кој обем,  дали истата ќе се таргетира да биде рефлектирана директно на цената во ниска и висока тарифа или пак ќе се предложи зголемен опсег на евтината тарифа , се вели до сописот од Регулаторната комисија за енергетика

Цената на струјата зависи и од тоа по кој износ ЕСМ ќе ги продава своите количини на снабдувачот, но и од  цената за пренос и дистрибуција.

Според, информациите ЕВН ХОУМ повторно е избран и во следните пет години да ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија.  На електронска аукција, австриската компанија понудила маржа од 9, 9 проценти,  1, 6 отсто пониско од сегашната.

Сепак, нема официјални информации кои се учествувал на јавното наддавање. Претходно и ЕСМ Продажба и ЕДС- фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ пројавија интерес да бидат нов Универзален.

Одлуката на Комисијата ќе биде разгледана на некоја наредна владина седница, а улогата новиот снабдувач треба да  ја преземе во јуни.

Според, новите правила, новата цена, треба да се донесе во ноември. Но, не се исклучува можноста тоа да се направи како и  до сега во јуни.

Од РКЕ велат дека,  Универзалниот снабдувач ќе ја направи пресметката за новата цена на електричната енергија, но пред да се објави ќе помине на контрола кај регулаторите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе