Вести Економија Македонија

Над 156 милиони евра потрошени за гасоводи кои не се во употреба, експропријацијата причина за бавниот процес

И по 13 години се уште ништо од гасификацијата. Изградбата на магистралните гасоводи не е завршена, дел не се ставени ниту во употреба, а потрошени се над 156 милиони евра,  се вели во извештај на државните ревизори, кој тие го направиле поради притисокот создаден од енергетската криза.

Во периодот од 2014 до 2023 година за изградбата на магистралните гасоводи склучени се договори и анекси кон договорите, како и договори за непредвидени и дополнителни работи во вкупен износ од приближно 156,4 милиони евра, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

И Државниот ревизор и од операторот за пренос на гас, НОМАГАС причината за бавната гасификацијата ја гледаат во експропријацијата.

Во тек се законско пропишани постаки за тестирање пред ставање во употреба, и за добивање на употребна дозвола. Поместувањето на роковите било заради касно зпочната експопријација и бавното решавање на имотно правните постапки од страна на управата за имотно правни работи. Делниците, ќе се стават во употреба кога ќе со добијат употребните дозволи, од Министерството за транспорт, но  зависи и  од изградбата на дистрибутивната мрежа, се вели во дописот од НОМАГАС.

Во извештајот стои и дека поради лоша координација со надлежните на Градот Скопје, гасоводниот прстен околу главниот град не е завршен и на тоа место изградена е нова сообраќајница. Материјалот е набавен, но за да се заврши прстенот потребни се дополнителни активности и пари. Ревизорите констатирале и дека се потрошени  околу 1, 6 милиони евра за купување на резервни делови кои воопшто не се користат.

Ревизорскиот извештај за гасификацијата го опфаќа периодот од 2019 до септември 2023 година.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе