Вести Економија Македонија Најважни

ССМ на протест, „жолт картон“ за Врховен суд по пресудата за синдикалното седиште

ССМ денес излезе на протест пред врховниот суд поради одлуката со која им се одзема сопственоста врз седиштето зградата „работнички дом“. На судиите во врховниот суд им врачија „жолт картон“ и побараа пресудата да се укине и да се разгледаат доказите за сопственост кои ги доставиле. ССМ со ултиматум до 1 мај да се исполнат нивните барања и не ја исклучуваат можноста правдата да ја бараат пред судот во Стразбур

Раководството на ССМ придружувано од членството денеска излезе на протест пред Врховниот суд за како што изјавија да им дадат жолт картон по пресудата со која им се одзема сопственоста врз заградата – Работничкиот дом во центарот на Скопје. Побараа пресудата да се повлече бидејќи имаат докази за сопственоста.

  • „Работниците од устата од парчето леб двоеле во 1958 година за да го изградат овој дом бидејќи во 1948 година одлучиле дека нема да носат одлуки на пољани и на ливада во паркот зад работничкиот дом. Тоа што го очекуваме и го очекуваат граѓаните во чие име е донесена пресудата од овие тројца судии е да ја преиначат и укинат“, изјави Слободан трендафилов, претседател на ССМ

Од ССМ соопштија дека повеле постапка за повторување на процесот во Кривичниот суд и поднеле иницијатива до Уставниот суд.

  • „Одземањето на работничкиот дом веројатно значи и смрт на синдикализмот во Македонија и тоа не смееме да го дозволиме ниту ние Синдикатите, ниту граѓаните, ниту работниците, ниту пак Врховниот и Уставниот суд и политичките чинители во општеството. Тоа што ќе го направиме а не сакаме да го направиме, до 15 мај истекува рокот за тужба до судот во Стразбур. Не сакаме да ја срамиме државата пред меѓународниот суд но можеби ќе бидеме приморани тоа да го направиме“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Од Врховниот суд без коментар. Претседателот на Здружението на судии и Врховен судија, Џемали Саити не сакаше да ја коментира пресудата бидејќи не учествувал во одлучувањето и е во рамки на законот.

  • „Не можам да коментирам одлука во која не сум учествувал. Правото на протест е загарантирано, секој има право да протестира но би апелирал на внимателност на сите страни и на тие што имаат право да протестираат и тие кои работат во судските тоги, тие сигурно ја имаат образложено одлуката. Има инстанци како да се цени нивната одлука, мислам дека судиите постапиле во рамки на законот“, изјави Џемали Саити, претседател на Здружение на судии

Денешниот протест е само еден во низата кои ги најави ССМ во текот на месецот. Следната недела ќе се протестира пред министерството за здравство бидејќи над 20 илјади работници во овој сектор нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата односно зголемување за околу 2.500 денари а потоа следува традиционалниот првомајски протест.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе