Вести Економија Македонија

До 270 милиони евра годишно се трошат само за камати за да се покрие јавниот долг

Од 250 до 270 милиони евра годишно државата троши само за да ги плати каматите со кои се покрива јавниот долг. Економистите  низ бројки и примери се обидоа да објаснат во каква состојба се наоѓа државата. Велат дека ситуацијата со расходите  веќе подолго време е алармантна и неопходни се нови пари во буџетот.

Мора да се осврнеме на јавните приходи, прво преку сузбивање на сивата економија, а потоа и со корекција на даночните системи, професорот Абдулменаф Беџети

Според, економските цените на храната и натаму ќе растат, а државата нема да може тоа да го искористи. Велат наместо да извезуваме ние стануваме се позависни од увоз. Сметат и дека субвенциите во земјоделството, погрешно се распределуваат.

 Не се субвенционира инпут, се субвенционира аутпут. Ќе произведеш, па ќе добиеш субвенција. А не затоа што си посадил ќе добиеш субвенција. Тоа не може. Ама јас сакам еве ти пари. Тоа не. Произведи  по овој квалитет  и  стандард па ќе добиеш, не произведе, не произведе , догледање оди работи нешто друго,  работата ќе ја преземе оној што може, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов

Силни критики и за администрацијата, но и за образованието. И по толку години зборување како да бидат поефикасни, резултати  нема.

Секој вработен вишок во јавната администрација сака да ја покаже неговата важност и прави една пречка за било какви барања. Тоа е разработени и во теоријата  како бирократските структури и како се зголемува  јавната администрација  сите се однесуваат колку се важни, а тие ќе бидат важни кога вие  треба да ги замолите, па до крајноста на жалост  и да ги корумпирате, додава  Беџети.

И додека економистите  зборуваат за сите проблеми со кои се соочуваме, граѓаните деновиве можат повторно да слушнат  што се ќе направат партиите ако дојдат на власт. За експертите станува збор за ветувања  кои со години ги зборуваат и од тука се поставува прашањето дали и зошто сега треба да им се верува.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе