Вести Економија Македонија

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари кое го најавува ВМРО-ДПМНЕ не е собирање гласови, туку одлука врз основа на реалноста како живеат одредени групи на граѓани во земјава, порача потпретседателката на партијата Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното издание на Вин Вин на Телма.

Последните години, се одеше на концептот на зголемување на пензиите процентуално, тоа значеше дека тој што има повисока пензија си добива и поголемо покачување, а оние што имаат пониска пензија добиваат помало покачување. Ние гледавме да бидеме коректни кон сите, затоа што пензионерите за нас и за нашиот систем тежат исто. И ние гледаме тие пензионери последните денови од својот живот достоинствено да ги поминат, а тоа значи да можат да платат и струја, која што е покачена, можат да платат вода, комуналии, да можат да купат храна, да го поминат достоинствено месецот. Начинот на кој што се покачуваа пензиите изминатиот период покажа статистички дека јазот помеѓу најниските и највисоките пензии се продлабочи многу, и оттука нашиот предлог е за овие 5.000 денари во првата година, рече Димитриеска Кочоска.

Смета дека со линеарното зголемување се корегира јазот.

Тој со 12.000 денари ќе добие 5.000 денари, и тој со 60.000 ќе добие 5.000 денари. Порано беше, тој со 60.000 ако имаме 10 посто зголемување на пензиите да добие 6.000 а овој со 12.000 да добие 1.200 денари, инсистира Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска најави и дека ќе има промени во начинот на досегашното корегирање на пензиите, кое се правеше два пати годишно, и потврди дека и во тие промени ќе биде применет принципот на линеарно покачување. Не очекува дека меѓународните институции како ММФ и Светска банка ќе реагираат поради зголемување на дефицитот во Пензискиот фонд кој многу веројатно би требало да биде покриен со заем токму од овие институции.

Кога имате јасен став, политики и мерки како да стигнете до одредена цел, никој нема да ви се спротивстави. Меѓународните институции, да, реагираат во тој дел многу често, меѓутоа реагираат и во делот за борбата против сивата економија, а таму никој ништо не зборува. рече потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе