Вести Економија Македонија

Бизнисот сака власт која ќе ги слушне, предизборно партиите се „растрчаа“ по поддршка од бизнисмените

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски на средба во Стопанската комора, триото од ДУИ, министрите Османи, Бектеши и Бесими во посета Стопанска комора на северо- западна Македонија.

Предизборно политичарите се растрчаа и кај бизнисмените. Мицкоски на претседателот на најголемата комора во земјава Азески, му ја  презентираше својата програма. Иако, ја оцени како добро, јасно кажа дека нема да дозволат политичарите да ги лажат  и на овие избори добро ќе размислат за кого ќе ја дадат поддршката.

Ние се излажавме во многу циклуси и бевме прелажани во обраќањата на политичките елити, е  сега тоа нема да го дозволиме,  затоа што човек еднаш ако го излажеш два пати глупо е,  и  ние  не можеме да бидеме глупи затоа што остваруваме милиони, вели претседателот на СКМ, Бранко Азески

Азески ги повтори барањата на бизнисот кои долго време ги споменуваат. Меѓу приоритетните се добро образование, владеење на правото, намалување на сивата економија, борба против корупцијата.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски пак е сигурен дека мерките кои ги нуди неговата ги задоволуваат барањата на бизнисот.

Направивме една проекција како би се развивал буџетот во следните четири години и што е она што може да го очекуваме и колкав е оној фискален простор со кој може да располага идната влада во делот  на инвестиции и поддршка. Многу сме внимателни би рекол конзервативни и на моменти и  превнимателни затоа што чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци да ветуваме чуда, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Од бизнисот претходно неколку пати посочи дека,  до сега ниту една влада немала доволно слух за нивните проблеми.

Слични барања пред министрите од ДУИ, презентираа и од северозападна комора. Се надеваат дека без разлика која политичка партија ќе дојде на власт, ќе ги исполни нивните барања.

Министерот за економија Бектеши  внимателно ги слушнал проблемите од  комората. Вети дека ќе му помогнат на бизнисот да биде поконкурентен на регионалните пазари.

Политичките партии веќе извесен период излегуваат со големи ветувања. Генерално во нивните програми фокусот е на економијата и подобар животен стандард.

Дел од економските во нивните говори препознаваат политичко наддавање и сметат дека се применува застарен модел за прибирање на гласови.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе