Вести Економија Македонија Најважни

Текстилни компании за да преживеjат пакуваат играчки, паѓаат цените на домашните производи во странство

Паѓаат цените на домашните индустриски производи кои се пласираат на странките пазари. Според статистиката намалување има и во преработувачката индустрија, но и во секторот рударство и вадење камен.

Претставниците од индустријата велат дека ако бројките покажуваат вакво нешто тоа е многу лошо, затоа што се случува во време кога платите  и  трошоците во фирмите растат, а производот се пласира со пониска цена. Причината за ова ја лоцираат и во тоа што има компании чии обем на работа е опаднат и за да опстојат на пазарот прифаќаат да се занимаваат со друга дејност  која ќе им донесе помала заработка заради ниската цена.

-Кај нас фабрика кои произведуваат играчки за извоз нудеше да пакуваме играчки ние не прифативме затоа што тоа навистина не е  платена работа и со овие плати и такво производство не можеме да ги покриеме нашите плати но тие ќе бараат погони каде нема што да работата и прифаќаат било што.  Цените зависат од додадена вредност ако правите призвод кој му требаат 60 -70 минути да се направи,  сигурно ќе имате повисоки цени ако тоа едноставен труд обично препакување нешто верувајте дека парите кои ќе ги земете за таа услуга верувајте не се доволни ниту за плати за вработените, вели од текстилната индустрија, Ангел Димитров

Според, статистика во јануари годинава во споредба со лани продажните цени на индустриските производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се пониски за 15.2 %, а во  Преработувачка индустрија за 2.5 %.

За март пак  газдите ќе треба да исплатат и повисока минимална плата. Се зголемува на 22. 500 денари. Расте и просечната – достигна речиси 40 илјади денари. Но и овие примања не се доволно што е показател дека платите растат побавно од цените. Според ССМ една четиричлено семејство за да ги покрие месечните трошоци  треба да најде речиси 1000 евра.

Од друга страна пак компаниите од сите сектори  подолг период не можат да го најдат потребниот кадар за работа. Со месеци стојат огласи дека се бараат работници.  Тоа сериозно влијае на конкуренцијата и продуктивноста на македонските фирми, кои треба да влезат во трка со други странски компании надвор од границите на државата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе