Спорт Фудбал

Милевски го објави списокот за контролите во Анталија: Неколку повратници и еден дебитант

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска го објави списокот на играчи за претстојните два пријателски натпревари во Анталија, Турција. Националниот тим ќе ги одмери силите со Молдавија и Црна Гора, па селекторот повика дури 28 фудбалери.

Милевски ќе смета на најголем дел од стандардните играчи во националнот тим како капитенот Енис Барди, Боја Миовски, Елиф Елмас, Езгјан Алиоски, Александар Трајковски, Столе Димитриевски и другите. Во тимот се враќаат Дарко Велковски и Ѓоко Зајков, a за прв пат повик доби Лирим Ќамили од данскиот тим Хвидовре. Се работи за фудбалер што игра на десната крилна позиција и ќе има шанса да се наметне во националниот тим.

Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“, изјави селекторот Милевски за интернет страницата на ФФМ.

Собирот на репрезентацијата е на 18 март во Анталија, Турција, каде и ќе ги играме двата натпревари. Најпрво на 22.март ќе се соочиме со Молдавија, а три дена подоцна ќе ги одмериме силите и со Црна Гора.

„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“, додаде Милевски.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

ГОЛМАНИ
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија
Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија

СРЕДЕН РЕД
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија
Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска
Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија

НАПАД
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка
Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Ердон Даци – Беверен, Белгија
Лирим Ќамили – Хвидовре, Данска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе