Кошарка Спорт

Лејкерс и без Леброн Џејмс го добија дербито со Милвоки (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс славеа победа од 123-122 против Милвоки во најинтересниот натпревар одигран утринава во НБА-лигата.

Домашните беа без својата прва ѕвезда Леброн Џејмс, но затоа тука беше Дианџело Расел да го замени во нападот со фантастични 44 постигнати поени. Клучна беше и блокадата во последните секунди на Спенсер Динвиди против Демијан Лилард. Јанис Адетокумпо запиша трипл-дабл со 34 поени, 14 скока и 12 асистенции.

Шеи Гилгеус-Александер имаше уште еден импресивен натпревар за Оклахома, која надомести негатива од 14 поени за да слави против Мајами со 107-100. Првата ѕвезда на Тандер постигна 37 поени и останува втор стрелец во лигата сезонава.

Кливленд ја совлада Минесота со 113-104 по едно продолжение во едно од дербијата. На останатите натпревари, Филаделфија дома загуби од Њу Орлеанс со 95-103, Вашингтон беше подобар од Шарлот, а победи остварија и Њујорк, Атланта и Хјустон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе