Вести Македонија Најважни

Домашни и странски експерти се обидуваат да ги отклучат серверите на МЕСПО кои се под контрола на хакери

И денеска доколку некој сака да ја отвори официјалната страна на државната МЕПСО ќе добие информација дека не е достапна поради хакерскиот напад извршен викендот, а во кој службениците од МЕПСО го загубија пристапот до дел од податоците кој сега е заклучен или криптиран.

Според информациите на Телма, веќе пети ден во МЕПСО немаат пристап до серверот каде се води финансиското управување во државната фирма и затоа нема пристап до финансиските податоци и извештаи. Клучното е дека засега безбеден е СКАДА системот преку кој се следи, контролира и се управува мрежата односно електроенергетскиот систем.

Од МЕПСО без детални информации за обемот на нападот, потврдија покрај МВР ангажирани се домашни и странски експерти кои се обидуваат да ги деблокираат серверите.

„Повторуваме дека за оваа ситуација се известени сите релевантни институции меѓу кои и МВР и во моментов се врши ИТ форензика и анализи во кои се вклучени експерти од државата и странство. Водејќи се од фактот дека електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО спаѓа под критична инфраструктура во државата, не сме во можност да даваме дополнителни информации надвор од изнесеното во вчерашното соопштение“, соопштија од МЕПСО.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вели разговарал со раководството на МЕПСО и дека нема опасност по критичната инфраструктура и снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕСМ тврдат дека хакерскиот напад во МЕПСО и ограничениот пристап до серверите, а со тоа и податоците, не влијае на работата на ЕСМ, како и на меѓусебната комуникација.

Сепак за компаниите кои тргуваат со струја проблеми има бидејќи од понеделникот ниту еден производител, снабдувач или трговец со електрична енергија не може да добие податоци и да има навремен увид во податоците за својата работа односно потрошувачката на неговите клиенти, дали и колку треба да наплати за потрошеното во овие пет дена, а исто така фирмите не може да направат закуп на капацитети во странство доколку работат за странство а поради тоа секога постои ризикот за дебаланс на мрежата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе