Спорт Формула 1

Ферари го претстави новиот болид за 2024 година (ВИДЕО)

Ферари денеска го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1 шампионатот. Од Маранело се надеваат дека во 2024 година ќе ја намалат разликата во однос на најдоминатниот тим лани, Ред Бул.

Ферари беше единствениот тим што лани го победи Ред Бул и го спречи австрискиот тим да дојде до перфектна сезона со единствената победа на Карлос Сајнц јуниор за ГН на Сингапур. Новиот СФ-24 болид треба да ги донесе Италијанците многу поблизу до победите.

Возачкиот состав останува ист како и изминатите четири години, Шарл Леклер и Карлос Сајнц. Шпанецот од следната сезона ќе мора да бара нов тим, бидејќи Ферари веќе се договори со Сер Луис Хамилтон за 2025 година, додека Леклер пред извесно време потпиша нов долготраен договор со тимот.

Лани Ферари заврши на третото место кај конструкторите, зад шампионот Ред Бул и само три бода зад Мерцедес, кој беше втор.

Остануваат уште три тима да ги претстават новите болиди за 2024 година. Утре промоција закажаа Мерцедес и Мекларен, додека во четврток последен ќе го покаже новиот болид е шампионот Ред Бул.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

Дејан Дејан

МЗТ не се предава предвреме: Ќе бара изненадување во Суботица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе