Спорт Формула 1

Астон Мартин е шестиот тим што го промовираше болидот (ВИДЕО)

Астон Мартин денеска го претстави својот болид за новата сезона во Формула 1 шампионатот. Од таборот на британскиот состав се надеваат дека ќе можат да направат напредок во однос на ланската одлична сезона. 

Новиот болид наречен АМР24 ќе ја има препознатливата зелена боја на Астон Мартин. Возачкиот состав останува непроменет, односно ќе биде предводен од ветеранот и поранешен светски шампион Фернандо Алонсо и  Ленс Строл, синот на сопственикот на тимот, Лоренс Строл.
Лани Астон Мартин имаше фантастични резултати во првиот дел од сезоната, кога се чинеше дека е најсериозен ривал на Ред Бул, но во продолжението останатите тимови како Мерцедес, Ферари и Мекларен го престигнаа со своите надградби. Британците се надеваат дека оваа година ќе напредуваат во однос на петтото место кај конструкторите освоено лани.


Астон Мартин е шестиот тим што го претстави својот нов болид. Следната промоција ќе ја има Ферари и тоа во текот на утрешниот ден. На 14-ти февруари Мерцедес и Мекларен ќе ги покажат своите болиди, додека последни промоција ќе имаат шампионите од Ред Бул и тоа во четврток на 15-ти февруари.

Новата сезона во Формула 1 започнува со трката за Големата награда на Бахреин закажана за 2.март. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе