Спорт Фудбал

Бјелица не планира да му се извини на Сане по инцидентот (ВИДЕО)

Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица синоќа предизвика голема скандал откако го удри фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане за време на натпреварот од Бундеслигата. Хрватот сега го очекува драконска суспензија, а можеби и отказ од клубот од главниот германски град.

Во 75.минута од натпреварот, една топка излезе надвор од теренот до Бјелица кој беше во својот простор крај аут-линијата, па до него дојде Сане кој сакаше брзо да го изведе аутот. Ситуацијата брзо ескалираше, па хрватскиот стратег го удри фудбалерот на Баерн во лицетот. Очекувано Бјелица веднаш беше исклучен.

Интересно, тренерот на Унион Берлин по натпреварот одби да му се извини на Сане.

„Бев во својот тренерски простор. Топката дојде кон мене, сакав да му ја предадам на Сане, кој ме турна и тогаш реагирав како што не требаше, со рака кон неговото лице. Не требаше да реагирам на тој начин, заслужено добив црвен картон. Се почувствував испровоцирано во својот тренерски простор па реагирав, но не требаше да го направам тоа“, рече Бјелица.

„Не, зошто? (да се извинам) Тоа се емоциите во фудбалот. Гледате многу емоции на теренот и надвор од него. Ова беше една погрешна емоција. Направив грешка и ми е жал за тоа. Ако можам да го сменам тоа сега, секако дека нема да го направам, но тоа е фудбалот“, заврши Хрватот.

Бундеслигата се очекува да биде ригорозна кон тренерот на Унион, а шпекулациите во германските медиуми се дека тимот од Берлин ќе му врачи отказ по само седун натпревари на клупата.

Баерн Минхен го доби натпреварот против Унион со минимални 1-0.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе