Кошарка Спорт

Оклахома го доби дербито со Минесота, Ембид продолжува да руши рекорди за Филаделфија (ВИДЕО)

Во дербито на Западната конференција во НБА-лигата во кое се соочија првите две екипи на табелата, Минесота на домашен паркет загуби од Оклахома со 97-102. Шаи Гилгеус Александер ги предводеше гостите со 33 поени, а Џејлен Вилијамс имаше 20. Кај Тимбервулфс најдобар беше Ентони Едвардс со 19 поени.

Демијан Лилард со 45 поени и 11 асистенции го предводеше Милвоки до победа од 141-135 на гостувањето кај последнопласираниот Детроит. На Јанис Адетокумпо му недостигаше една асистенција за трипл-дабл па натпреварот го заврши со 31 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Филаделфија ја запиша петтата победа по ред откако славеше на гостински паркет кај Шарлот со 97-89. Жоел Ембид постигна 33 поени и само го продолжи тимскиот рекорд со 30 или повеќе поени на 20 натпревари по ред.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Вашингтон – Сан Антонио 127-131
Атланта – Кливленд 95-116
Њујорк – Торонто 126-100
Чикаго – Мемфис 125-96
Хјустон – Јута 127-126 (продолжение)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе