Вести Економија Македонија Топ вести

Гарантирани цени до кајот на месецов, ќе има ли ново прологирање на мерката?

Гарантирани цени на  дел од храната има уште 10 тина дена. Мерката истекува на крајот од месецов, а дали ќе има ново продолжување е неизвесно. Додека надлежните ги прават калкулациите, дел од економистите сметаат дека  не треба да продолжи и пазарот да се остави слободно да функционира затоа што некогаш тоа е подобро. Но, се сигурни дека тоа нема да се случи. Поради тоа што е изборна година веруваат дека со мерките од ваков тип ќе се продолжи.

-Мерката е таа што е, но ние сме во изборна година и мерката ќе продолжи затоа што не знам што друго би направиле која  мерка би ја земале тие, вели професор Абил Бауш

Ваквата мерка се донесе како превенција од ценовни шокови и досега неколку пати беше пролонгирана. Велат има намалување на процентот на инфлацијата во однос на она што се случуваше лани, но ризици се уште постојат.  Па излегоа со препорака до политичарите да внимаваат со трошењето пари во непродуктивни работи кои би можеле да ја подгреат инфлацијата.

-Гледајќи што се случува во претходните избирачки години ние знаеме да трошиме нерационално што може и инфлацијата не да се донесе од некаде, туку ние самите да ја подгрееме затоа што ќе се троши во непродуктивни работи и ќе има и нови зголемувања и на минималната и на плати во јавниот  сектор, додава Бауш

Бауш смета дека треба повеќе се да се води сметка за ранливите категории кој се најпогодени и најповеќе ги чувствуваат сите удари предизвикани од глобалните случувања.

Инаку, до крајот на месецов се очекува да биде изгласан и законот за сузбивање на нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави ред во трговијата. Тој е веќе подолго време во собранието,  со што се  отвора  прашањето дали до крајот на јануари ќе се донесе. Од друга страна пак министерот Бектеши пред извесен период рече дека се додека не се донесе, ќе се продолжува мерката со која се под мраз цените за одредени производи.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе