Вести Економија Македонија Топ вести

Среде зима РЕК Битола работи со само еден блок, ЕСМ и МЕПСО си ја префрлаат одговорноста

На минусни температури и снег, РЕК Битола  остана да работи со еден блок. На мрежа е приклучен само вториот. Службите од најголемата централа за производство на електрична енергија за Телма објаснуваат дека  другиот блок не можат  да го стават во функција затоа што МЕПСО не го дозволува тоа. Според, информации од таму оваа состојба во РЕК трае веќе извесен период.

-Станува збор за блок број 1, со кој нема никаков технички проблем, но поради тоа што МЕПСО не дава услов, блокот не може да се приклучи на мрежа,се вели во дописот од РЕК Битола.

Oд МЕПСО пак велат дека прво треба да се реши проблемот со дефектот во далновод кој е во сопственост на ЕСМ.

На 110 kV далекувод кој е во сопственост на ЕСМ се случија многу испади во кусо време. Додека стручните екипи не ја утврдат причината за тоа, РЕК и МЕПСО се договорија да не се пушта во употреба конкретниот далекувод за да се исклучи можноста од настанување поголема штета. Екипите се на терен и работат на утврдување на причините за дефектот, се вели во дописот од преносниот систем МЕПСО

Од ЕСМ пак негираат дека проблемот е кај нив. Тврдат блокот е подготвен и се чека МЕПСО да даде зелено светло за да се вклучи на мрежа.

ОД РЕК Битола за една недела најавуваат дека во функција ќе го стават и третиот блок. Но, додека се случи тоа и додека се бара виновникот поради кој не може блок 1 да се активира, се отвара прашањето дали минусните температури кои се најавуваат и за следните денови во кој најверојатно ќе се зголеми потрошувачката ќе можат да се покријат со струјата од само еден блок во РЕК. Доста домаќинства за да се стоплат, ќе бидат принудени да вклучат и дополнителни грејни тела.

Во меѓувреме врнежите од снег веќе направија проблеми во снабдувањето со електрична енергија во Битола, Охрид, Струмица, Кичево, но и во делови од скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров.

Од ЕВН велат дека некои дефекти се санирани, но има и такви кои се доста комплицирани за кои е потребно повеќе време да се остранат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе