Кошарка Спорт

Јокиќ и Мареј го најдоа рецептот за победа во Бостон (ВИДЕО)

Шампионот на НБА-лигата Денвер му го нанесе на Бостон првиот сезонски пораз на домашен паркет. Селтикс имаа рекордна низа во тимската историја од 20 победи по ред во „Ти Ди Гарден“, но утринава Нагетс славеа со 102-100.

Џамал Мареј имаше 35 поени за гостите, а Никола Јокиќ запиша само еден помалку, но имаше 12 скока, а му недостигаше само уште една асистенција за трипл-дабл. Дерик Вајт беше најефикасен кај домашниот тим со 24 поени, Џејсон Тејтум имаше 22, а Кристапс Порцингис еден помалку.

Девин Букер одигра неверојатен натпревар за Феникс и постигна 52 поени во победата од 123-109 на гостувањето кај Њу Орлеанс. За Санс ова беше четврта победа по ред, а Букер втор пат по ред постигнува преку 50 поени против Пеликас. Во кариерата веќе има шест натпревари со 50 или повеќе поени, а неговиот рекорд е 70 поени.

Бруклин славеше со 130-112 на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс. Филаделфија со 124-109 го совлада Орландо, Мајами загуби минимално со 108-109 на домашен паркет од Атланта, а победи на домашен терен запишаа и Портланд против Индијана и Шарлот против Сан Антонио.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе