Кошарка Спорт

Дончиќ се врати со трипл-дабл, но Далас загуби во Лос Анџелес кај Лејкерс (ВИДЕО)

Во најинтересниот натпревар утринава во НБА-лигата, Лос Анџелес лејкерс го победија Далас со 127-110. Ентони Дејвис одигра одличен натпревар за домашниот тим со 28 поени, 12 скока и девет асистенции, а најефикасен беше Дианџело Расел со 29 поени. Леброн Џејмс имаше 25. Лука Дончиќ се врати на паркетот по три меча пауза поради повреда на скочниот зглоб и стигна до седмиот трипл-дабл сезонава и вкупно 63-тиот во кариерата со 33 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Најдобриот тим во лигата, Бостон останува перфектен на домашен паркет со 20 победи откако утринава го совлада Сан Антонио со 117-98. Џејсон Тејтум имаше 24 поени, Џру Холидеј 22, а Џејлен Браун еден помалку. Виктор Вембањама постигна 27 поени за Спарс.

Милвоки без Јанис Адетокумпо во составот доживеа дебакл во Кливленд од 135-95. Утринава победи остварија и Минесота, Атланта, Њујорк, Торонто, Њу Орлеанс и Портланд, а дуелот помеѓу Јута и Голден Стејт беше одложен поради смртта на помошникот тренер на Вориорс, Дејан Милојевиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе